Фудбалерките до 19 години двапати ремизираа против Кипар

Фото: ФФМ

Двата пријателски натпревари кои нашата женска репрезентација до 19 години ги одигра во Кипар завршија со нерешен резултат.

На првиот натпревар одигран на 15. февруари во Ларнака нашите репрезентативки одиграа со резултат 2-2, стрелци на головите за македонската репрезентација беа Лора Сулејмани и Јехона Велиу.

На денешниот натпревар немаше голови и заврши со резултат 0-0, иако можеме да жалиме за пропуштената можност за победа заради поништениот гол.

„Овие два натпревари беа одлична можност да се провери квалитетот на играта и подготвеноста на играчите во пресрет на квалификацискиот турнир на кој ќе бидеме домаќини во април. Сметам дека имаме капацитет да прикажеме добра игра во квалификациите, како и дека ваквите подготвителни натпревари се од исклучителна важност особено за младите фудбалерки.“ – изјави Астрит Мерко, селектор на женската репрезентација до 19 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот