Фудбалерите на Тотенхем им ги враќаат парите на навивачите по дебаклот против Њукасл

фото: EPA-EFE/VINCE MIGNOTT

Фудбалерите на Тотенхем ќе им ги надоместат трошоците на своите навивачи кои викендов беа сведоци на убедливиот пораз на лондонскиот тим кај Њукасл, соопштија од клубот. Играчите се решија на овој чекор, два дена откако беа поразени со 6:1 во натпреварот од 32 коло во Премиерлигата.

Њукасл го реши прашањето на победникот по 21 минута игра, со пет постигнати гола, а во понеделникот доби отказ привремениот менаџер на Тотенхем, Кристијан Стелини.

– Знаеме дека тоа не го менува она што се случи во неделата. Ќе направиме сè што можеме за да ги исправиме работите, почнувајќи од Манчестер јунајтед во четврток навечер, кога повторно ќе ни треба вашата поддршка. Заедно и само заедно можеме да ги придвижиме работите напред – се наведува во соопштението на играчите.

Од клубот најавија дека целиот процес на враќање на парите ќе биде завршен во рок од 24 часа, а играчите се извинија за прикажаната игра.

– Како тим ја разбираме вашата фрустрација, вашиот гнев. Знаеме дека зборовите не се доволни во вакви ситуации, но верувајте дека боли ваков пораз – се додава во соопштението.

По 32 одиграни натпревари, Тотенхем е на петтото место во табелата во Премиер лигата, со шест бода помалку од четвртопласираниот Манчестер јунајтед, кој е во позиција да се пласира во Лигата на шампионите. Лондонскиот тим до крајот на сезоната ќе го води Рајан Мејсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот