Фудбалер на Црвена Звезда за десет милиони евра се сели во Њујорк Сити

Фото: EPA-EFE/PETER SCHNEIDER

Фудбалерот на Црвена Звезда, Јован Мијатовиќ како што стојат работите ќе премине во редовите на Њујорк Сити, а црвено-белите ќе заработат сума од десет милиони евра.

Според последните информации на српски „Телеграф“, трансферот е договорен и тој ќе биде рекорден во историјата на американскиот клуб. Се би требало наскоро да биде и официјално објавено.

Мијатовиќ има 18 години и сезонава во дресот на Звезда постигна девет гола и додаде две асистенции на 24 натпревари.

Се шпекулираше дека интерес за Мијатовиќ покажал и лидерот во Бундеслигата, Баер Леверкузен, но на крајот тимот од МЛС лигата се покажа како најсериозен кандидат. Станува збор за клуб кој припаѓа на групацијата која раководи и со европскиот шампион Манчестер Сити.

Мијатовиќ е втор фудбалер кој Звезда го продава во краток период, претходно Астон Вила плати девет милиони евра за Коста Недељковиќ кој на „Маракана“ ќе остане до крајот на сезоната како позајмен фудбалер. За разлика од Недељковиќ, Мијатовиќ веднаш се сели во Њујорк.

Еден од најголемите српски таленти потпиша за Астон Вила, Црвена Звезда доби девет милиони евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот