Фрлени молотови коктели кон зградата на кубанската амбасада во Вашинготн

Амбасада на Куба во Вашингтон / Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Маж синоќа фрлил два молотови коктели кон зградата на кубанската амбасада во Вашингтон, изјави кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез Парила на Икс, додавајќи дека никој не е повреден, јави Ројтерс.

Нападот се случил само неколку часа откако лидерот на Куба Мигел Дијаз-Канел се врати на островот, откако присуствувал на настаните на Обединетите нации во Њујорк минатата недела.

Амбасадата повторно била отворена во 2015 година, кога земјите ги обновиле дипломатските односи прекинати од 1961 година. Родригез рече дека во зградата биле испукани и истрели од пушка во претходниот напад во 2020 година.

„Антикубанските групи се свртуваат кон тероризмот кога чувствуваат неказнивост, нешто за што Куба постојано ги предупреди американските власти“, напиша Родригез на својот профил на Икс.

Претходно овој месец, американските и кубанските власти постигнаа напредок по низа прашања за време на разговорите на високо ниво во Вашингтон. Главните грижи на Куба се дека таа останува на американската листа на држави спонзори на тероризмот и продолжувањето на администрацијата на Бајден на економското ембарго на Вашингтон од времето на

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот