„Франција будно ја следи состојбата со владеењето на правото во Македонија“

Фото: МИА

Франција будно ќе го следи спроведувањето на реформите во правосудниот систем во Северна Македонија, им порачала француската министерка за Европа, Амели де Моншалан на средба што неодамна ја имаше со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и шефот на дипломатијата Никола Димитров во Париз.

Во соопштението на француското МНР, објавено денеска, се наведува дека Моншалан на 13 февруари разговарала со Османи и Димитров, јавува дописникот на МИА.

Во фокусот на разговорот, како што соопштија од француското МНР, било проширувањето на Европската унија, но и новата методологија на Европската комисија за реформите во пристапниот процес, објавена на 5 февруари.

Таа нагласи дека предложената методологија е во согласност со француските ставови за процесот, со цел преговорите да станат поверодостојни, поефикансни и попроверливи.

Покрај тоа, Де Моншалан, посетила дека очекувањата на Франција се и во однос на владеењето на правото во Северна Македонија, со акцент на реформите на правосудниот систем, согласно условите утврдени со заклучоците на Советот од јуни 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот