Францускиот министер обвинет за силување ја напушти Владата на Макрон

Демиен Абад/ Фото EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Демиен Абад, кратко именуваниот министер за солидарност на Франција, ја напушта владата со постизборна реконструкција, пишува Политико.

Абад се соочи со обвинувања за силување или обид за силување од повеќе жени во последните недели, што тој ги негира. Властите отворија истраги против Абад.

Во понеделникот, француската телевизија БФМТВ објави дека уште една жена сведочела против Абад.

Повеќето министри од пост-изборната влада на Макрон ги задржаа своите работни места. Абад, поранешниот министер за солидарност и хендикепирани лица, е заменет од Жан-Кристоф Комб, кој досега беше шеф на францускиот Црвен крст.

Клеман Бон, францускиот министер за европски прашања, ќе го преземе транспортното портфолио. Него го заменува главниот економист на ОЕЦД Лоренс Бун.

Францускиот претседател Емануел Макрон се очекува да го назначи својот поранешен министер за здравство, Оливие Веран за портпарол на владата, задолжен за „демократска обнова“. Веран ја водеше Франција низ пандемијата на ковид за време на неговиот мандат како министер за здравство. Франсоа Браун ќе биде именуван за нов министер за здравство на Франција.

Оливија Грегоар, која кратко време беше на позицијата портпарол, ќе го наследи портфолиото за трговија на мали и средни претпријатија.

Хрисула Захаропулу — поранешен европратеник на „Обновена Европа“ и гинеколог, кој исто така се соочи со обвинувања за силување од пациенти, останува во владата како помлад министер за меѓународен развој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот