Фракцијата на ДУИ ги испорача првите барања

Фото: Изет Меџити / Фејсбук

Заемена на формулацијата „20 отсто“ со албански јазик во Уставот, закон за статусот на поранешните припадници на ОНА, дијаспората да гласа електронски, казината да се надвор од населените места, се само дел од барањата на фракцијата на ДУИ познати како „огнената група“, а која денеска се официјализира.

Сметаме дека сега е погоден политички момент формулата 20 проценти да се тргне од Уставот. Никаде и никој не го спомнува придонесот на ОНА. Сметаме дека треба да се направи закон за регулирање на статусот на семејствата на борците на ОНА. Време е да предложиме дијаспората да гласа по електронски пат и државата да обезбеди услови за тоа. Законот за казината треба да биде предмет на јавна дебата и ние сме за тоа тие да бидат надвор од населени места. Ние сме против зголемување на платите на функционерите. Треба да се зголеми минималната плата на 500 евра, да се зголеми просечната плата, да се зголемат платите на вработените во администрација, бидејќи така ќе го спречиме одливот на нашите граѓани. Македонија е најцентрализирана држава во регионот. Потребно е да се зајакнат општините“,  изјаво на прес конференција Висар Ганиу.

Тој посочи дека од денеска и официјално дејствуваат како фракција во ДУИ.

Сметаме дека е демократски да функцинираме како посебна група во рамки на нашата партија и јавно да изразуваме различно мислење, како и да посочиме на големиот број нестатутарни и нелегитимни одлуки донесени во ДУИ“, рече Ганиу.

Изет Меџити пак повтори дека не се почитуваат програмата и статутот на ДУИ и дека фракцијата ќе биде неоспорен глас не само на електгоратот на ДУИ, туку и на сите Албанци. Тие посочија дека во ДУИ постојат двојни стандарди како во организираните дебати, така и при одлучувањето.

Последниот состанок беше затворен за јавноста со однапред утврдени насоки за работа и беше исклучена можноста за наш придонес. Нашите предлозви за гласање доверба на мисистрите на партиско ниво беа одбиени. Нагласувам, органите на ДУИ не функционираат статутарно, а партиските избори кои се организираа пред една година во ограноците на ДУИ, се нестатутарни и се нелегитимни“, рече Ганиу и додаде дека политичките одлуки ги носат министрите, а не партиските органи и ограноците.

Фракцијата наброја повеќе одлуки донесени во врвот на ДУИ з акои не се расправало во партиските тела. Според фракцијата, половина од Претседателството на ДУИ, и 30 проценти од членството им дава поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот