ФОТО+ВИДЕО | Слушнете ја „Его“: Тамара Тодевска и Јанг Дади ја објавија првата заедничка песна

Фото: Инстаграм/Тамара Тодевска

Пејачката Тамара Тодевска и раперот Давид Даниловски, познат како Јанг Дади, ја објавија нивната прва заедничка песна „Его“.

Музиката и аранжманот се дело на продуцентот Роберт Билбилов, а текстот го напиша Јанг Дади.

„Среќна сум што навистина после повеќе години објавувам песна, која е дует – соработка со друг артист. Дади е дел од помладата музичка сцена. Го следам подолго време, ми се допаѓа неговата работа и секогаш сакам да дадам поддршка на наши домашни млади артисти. Снимањето на спотот го завршивме за еден ден. Снимавме целодневно и навистина уживав во креирањето на целиот проект“, раскажа Тодевска за создавањето на „Его“.

Дади истакна дека секогаш пишува за моменти во кои учествувал. Преку зборовите сака да пренесе свои лични искуства и тоа е причина повеќе за да верува во песната.

„Ова е прва моја соработка со музичар како Тамара Тодевска, која е една од нашите најдобри и најпродуктивни пејачки – активна десетици години на македонската и регионалната музичка сцена. Можам да кажам дека е навистина убаво и поинакво искуство за мене. Како во процесот на снимање на песната во студио, така и во продукцијата на самиот спот. Верувам дека песната ќе биде хит и ќе го одбележи овој период пред летото“, изјави Дади.

Видеозаписот за оваа музичка нумера го режисираше фотографот Генц Халими.

Модните комбинации ги осмисли стилистот Игор Марков, а за шминката се погрижи шминкерката Симона Салтирова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот