ФОТО+ВИДЕО | Сè за „селфи“: Туристи во Италија собориле статуа стара 150 години додека се фотографирале со неа

Фото: Фејсбук/Вила „Алсео“

Група млади германски туристи, кои позирале за да објават фотографии на социјалните медиуми, се обвинети дека собориле вредна статуа во вила во северна Италија, изјави менаџерот на вилата „Алсео“, Бруно Голферини, пишува „Ројтерс“.

„Двајца од групата туристи се качија на фонтаната за да ја прегрнат скулптурата ‘Домино’ на уметникот Енрике Бути, а друг ја турна со стап, пред статуата висока 1,70 метри да падне на земја“, рече Голферини.

Голферини изјави дека поднел жалба во локалната полиција против сите 17 германски туристи кои биле во групата што ја изнајмила вилата. Во меѓувреме, тие ја напуштиле Италија, а целиот инцидент бил забележан на надзорните камери.

Фото: Фејсбук/Вила „Алсео“

Статуата е стара околу 150 години, а нејзината вредност се проценува на околу 200.000 евра. Голферини вели дека поправката е отежната поради дополнителните оштетувања на плочките во фонтаната.

„Домина беше, на некој начин, жена која ја штитеше вилата. За жал, има неуки луѓе кои прават такви работи“, вели Голферини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот