ФОТО+ВИДЕО: Победничка атмосфера пред „Белата палата“, се слави со зурли и тапани

ВМРО-ДПМНЕ слави пред „Белата палата“ / Фото: Слободен печат - Соња Христовска Угриновска

Со музика од зурли и тапани и извици „ВМРО-ДПМНЕ“ и „Цело Скопје вмровски град“, симпатизери на опозициската партија се собраа пред партиското седиште во Скопје на прослава на резултатите од вториот круг на изборите.

ВМРО-ДПМНЕ слави пред „Белата палата“ / Фото: Слободен печат – Соња Христовска Угриновска

ВМРО-ДПМНЕ претходно прогласи победа во Охрид, Битола, Гевгелија, Радовиш, Ресен, Зелениково и повеќе други општини.

Од ВМРО-ДПМНЕ се уверени и дека ќе го освојат и Скопје, каде по околу 40 отсто обработени гласови, нивната кандидатка Данела Арсовска има водство од околу 15.000 гласа пред актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ, Петре Шилегов.

ВМРО-ДПМНЕ слави пред „Белата палата“ / Фото: Слободен печат – Соња Христовска Угриновска
ВМРО-ДПМНЕ слави пред „Белата палата“ / Фото: Слободен печат – Соња Христовска Угриновска
ВМРО-ДПМНЕ слави пред „Белата палата“ / Фото: Слободен печат – Соња Христовска Угриновска

ВО ЖИВО: Резултати од вториот круг од Локалните избори 2021

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот