ФОТО+ВИДЕО | Пет години без Оливер Драгојевиќ: На концертот во негова чест се собраа 20.000 луѓе

Фото: Instagram/ jutarnji.hr

Поминаа точно пет години откако познатиот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ почина по тешкото боледување. Оваа сабота, пристаништето кај Вела Лука беше преполно, на концертот организиран во негова чест. Таму се собраа неверојатни 20 илјади луѓе, пренесува „Јутарњи лист“.

Фото: Instagram/ jutarnji.hr
Фото: Instagram/ slobodnadalmacija.hr

Гласот на Оливер одекнуваше од секоја улица во последните неколку денови, но вистинскиот музички спектакл се случи вчеравечер. Се чини како секој од посетителите да беше длабоко внесен во песните на Оливер, и публиката што се собра, како и ансамблот на сцената предводен од Анте Гело.

Фото: Instagram/ jutarnji.hr
Фото: Instagram/ jutarnji.hr
Фото: Instagram/ slobodnadalmacija.hr

На петгодишнината од неговата смрт, многумина изразија желба да одадат посебна чест на легендарниот пејач. Познатите личности имаа одлични настапи, прекрасни и емотивни моменти на сцената.

Фото: Instagram/ jutarnji.hr
Фото: Instagram/ jutarnji.hr

Со песна му одадоа чест многу јавни личности, меѓу кои Мери Цетиниќ, Данијела Мартиновиќ, Натали Диздар, Лорена Буќан, Хари Рончевиќ, Горан Каран, Марко Тоља, клапа „Суфит“, Матија Цвек, Јуре Бркљача и атракцијата од Нов Зеланд, „The Shades“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот