ФОТО+ВИДЕО | Павле Камилоски и Ирина Дишовска денеска прават свадба

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Пејачот Павле Камилоски и планинарката Ирина Дишовска пред неполни два месеци организираа забава за најблиските на која открија дека очекуваат принова. Многу балони во розова и сина боја, торта и симпатични декорации го красеа локалот каде парот ја оддржа прославата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Irina Dishovska (@irinadisho)


Еден црн балон го криеше полот на бебето, кој Павле и Ирина го дупнаа и од него излегоа сини балони и конфети кои открија дека парот очекува момче. Неизмерната радост ја споделија со присутните и нивните следбеници, а денес со семејствата и саканите ја кринисаа нивна љубов.

 

Свадбената прослава започна во домот на семејството Камилоски, со традиционални македонски песни, а потоа продолжи во домот на невестата каде традиционално родителите на младоженецот ја даруваа невестата со злато.

 

Павле и Ирина ја крунисаа нивната љубов во Соборениот храм „Св. Климент Охридски“ каде пред Бог се заколнаа на вечна љубов. Во моментов свадбената прослава е започната во еден познат скопски ресторан, а меѓу гостите голем дел се од јавниот живот.

 

Ирина заблеска во елегантна венчаница, нежна шминка и долг вел на главата, а Павле во црн смокинг.

 

За првиот свадбен танц Ирина облече нов фустан, кој ја следеше нејзината совршена силуета, а воедно и го истакнуваше трудничкото стомаче.

Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм

ВИДЕО | Пејачот Павле Камилоски и планинарката Ирина Дишовска очекуваат бебе

Што прави денеска: Павле Камилоски, пејач

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот