ВИДЕО | Пејачот Павле Камилоски и планинарката Ирина Дишовска очекуваат бебе

Фото: Инстаграм/Павле Камилоски/Ирина Дишовска

Пејачот Павле Камилоски и планинарката Ирина Дишовска вчеравечер организираа забава за најблиските на која открија дека очекуваат принова. Многу балони во розова и сина боја, торта и симпатични декорации го красеа локалот каде парот ја оддржа прославата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Irina Dishovska (@irinadisho)

Еден црн балон го криеше полот на бебето, кој Павле и Ирина го дупнаа и од него излегоа сини балони и конфети кои отрија дека парот очекува момче. Неизмерната радост ја споделија со присутните, меѓу кои и водителката Елена Најдоски, која објави неколку видеоснимки од убавиот момент на двојката.

Камилоски публиката го запозна со караванот „Мала Италија патува“, каде воодушеви со своите изведби на бројни медитерански песни и шансони. Во текот на изминатите години, Камилоски остана доследен на италијанската нота и стил, но почна да создава и своја музика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pavle Kamiloski (@pavle_kamiloski)

Дишовска македонската јавност ја памети како планинарката која го освои хималајскиот врв Ама Даблам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Irina Dishovska (@irinadisho)

Ирина љубовта кон планината ја наследила од татко ѝ. Вели, татко ѝ бил човек кој инсистирал целото семејство секој викенд да го поминат на високо, излетничко место. Младата планинарка Ирина Дишовска неодамна го искачи врвот Ама Даблам на Хималаите, висок 6812 метри, и со тоа стана втора Македонка, по Илина Арсова, која успеа во тешкиот подвиг.

Што прави денеска: Павле Камилоски, пејач

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот