ФОТО+ВИДЕО | Макрон: Желбата на Молдавија за членство во ЕУ е совршено легитимна

Емануел Макрон и Маја Санду
Емануел Макрон и Маја Санду / Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Кишињев изјави дека напорите на Молдавија да се приклучи на Европската унија се „совршено легитимни“.

„Франција ќе помогне да се постигне консензус меѓу членките на ЕУ за барањето на Молдавија да се приклучи кон Унијата на клучниот состанок на Советот следната недела“, рече Макрон на заедничката прес-конференција со молдавската претседателка Маја Санду.

Молдавија, која граничи со Украина на исток и со Романија на запад, продолжува со напорите да се приклучи кон ЕУ поради стравот да не биде вовлечена во руско-украинскиот конфликт, наведуваат британските медиуми.

Емануел Макрон и Маја Санду / Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT
Емануел Макрон и Маја Санду / Фото: EPA-EFE/DUMITRU DORU
Емануел Макрон и Маја Санду / Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот