ФОТО+ВИДЕО | „Како да има 20 години“: Мадона приреди луда забава за 18. роденден на син ѝ

Фото: Инстаграм/Мадона

Мадона, една од најголемите музички икони во историјата на популарната музика, приреди луда забава за 18. роденден на посвоениот син Дејвид Банда во познатиот њујоршки клуб „Флор рум“.

Во изјава  за „Пејџ сикс“, инсајдер раскажал дека прославата започнала со вечера на кровот на клубот, а потоа започнала танцувачка атмосфера.

Фото: Инстаграм/Мадона

Како што може да се забележи на фотографиите објавени на инстаграм-профилот на Мадона, меѓу гостите на забавата биле и помалиот брат на Дејвид, Чифундо „Мерси“ Џејмс (17), и неговите сестри близначки Стела и Естер (11).

„Среќен 18. роденден Дејвид Банда, со племенското име Сензангакона, потомок на племињата Нгони и Зулу. Невозможно е да се поверува дека поминаа речиси 18 години откако те запознавме во Мчинџи, во сиропиталиштето ‘Home of Hope’. Твоето име значи ‘оној што ја зборува вистината’. Растеш во навистина извонредно човечко суштество. Сите сме толку горди“, заклучила таа.

 

Пејачката ги воодушевила присутните во црн „блејзер фустан“, кој бил прицврстен со големи шарени безопасни, и пар светкави очила. Целиот изглед го комплетирала со сребрен чокер, мрежести чорапи и сребрени чизми до колена.

Фото: Инстаграм/Мадона

На снимката објавена на Инстаграм, Мадона е меѓу две жени – едната во проѕирна облека, која ги открива нејзините брадавици, а другата во фустан со големи шлицови.

Фото: Инстаграм/Мадона

Останатите кадри откриваат дека сите гости на забавата танцувале, најмалите деца на Мадона пуштале музика со диџеите, а славеникот весело ги дувнал свеќите на својата роденденска торта.

Фото: Инстаграм/Мадона
Фото: Инстаграм/Мадона
Фото: Инстаграм/Мадона

Како потсетување, Мадона и нејзиниот поранешен сопруг Гај Ричи го посвоија Дејвид Банда во 2006 година, при нивната посета на Малдиви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот