ФОТО+ВИДЕО: „Ферари“ го претстави болидот за новата сезона во Ф1 шампионатот

фото: EPA-EFE/TOM WHITE

Тимот на „Ферари“ денеска го претстави новиот болид „СФ-24“ со кој ќе учествува во овогодинешниот шампионат во Формула 1.

„Ферари“ минатата сезона ја заврши на третото место во генералниот пласман кај конструкторите со 406 бодови.

За тимот оваа сезона повторно ќе возат Шарл Леклер од Монако и Шпанецот Карлос Саинц. Леклер минатата сезона заврши на петтото место кај возачите со 206 бодови, додека Саинц беше седми со 200.

– Оваа сезона треба да почнеме таму каде што застанавме на крајот од минатата сезона со цел постојано да се подобруваме во сите области. Нè очекува најдолгата сезона во Ф1. Сите заедно треба да бидеме поефикасни, како и да правиме смели избори за да го постигнеме најдобриот можен резултат на секоја трка – изјави директорот на „Ферари“, Фредерик Васер.

Новата сезона во Ф1 шампионатот започнува на 2 март со трката за Големата награда на Бахреин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот