ФОТО+ВИДЕО | Атракција во Јапонија: Кафулиња во кои ќе ве пречекаат минијатурни прасиња

Фото: Инстаграм/„Минипиг“

Јапонскиот синџир кафулиња „Мипиг“ им нуди на гостите можност да уживаат во шолја чај во друштво на преслатки минијатурни прасиња. Во секое од четирите кафулиња на „Мипиг“, кои имаат одлични оценки на „Трипадвајсер“, минијатурните прасиња слободно трчаат наоколу и сакаат да се галат со гостите.

Пејџ Филипс (25) од Единбург, Шкотска го посетила едно од кафулињата и за „Дејли мејл“ го опишала своето искуство.

– Сакав да го посетам кафулето затоа што ми се допадна идејата да се дружам со минијатурните прасиња. Кога стигнавме, ни дадоа кратко објаснување како да се справиме со нив. На пример, треба да чекате да ви се приближат и не треба да ги земате во раце бидејќи не го сакаат тоа. Потоа ни го покажаа патот до масата во голема соба полна со минијатурни прасиња. Прасињата беа возбудени и преслатки, веднаш дојдоа до нас во потрага по храна – рече таа.

Фото: Инстаграм/„Мипиг“

Од кафулето им препорачуваат на гостите да ги истегнат нозете за свињите полесно да им се качат во скутот, а персоналот нагласува дека прасињата нормално одмараат во посебна просторија доколку се чувствуваат уморни и дека ветеринарот редовно го проверува нивното здравје. Животните понекогаш знаат да ги гризат прстите на луѓето затоа што ги мешаат со храна.

Кафулињата се наоѓаат во областите Шибуја и Мегуро во Токио и во градовите Кошигаја и Осака. Гостите плаќаат околу 9 евра за половина час сесија, со пијалоци од околу 5 евра и грицки што можете да им ги дадете на прасињата за околу 2 евра.

Дозволено е фотографирање, сè додека блицот е исклучен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот