Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Жешки кадри: Хали Бери позираше во минијатурно бикини среде пустина

Познатата актерка Хали Бери уште еднаш покажа дека не ѝ е гајле што мислат другите. Нејзината последна објава на Инстаграм е одличен пример за ова.

Имено, добитничката на Оскар сподели фотографија во минијатурно бикини со своите следбеници, направена среде пустина, испраќајќи моќна порака за автентичност.

На фотографијата, 59-годишната Бери е прикажана боса, во црно-бел костим за капење, додека шета низ карпест предел. Таа напиша со фотографијата: „Изгледа како да одам по погрешен пат, но не… Јас само одам по свој пат!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Објавата предизвика многу позитивни реакции. Обожавателите го пофалија нејзиниот став и храброст. „Тука сум за сите твои лудории“, напиша еден следбеник. „Ја обожавам! Одам по свој пат! Не секој може да го види, поддржи или дури и да го разбере тоа“, додаде друг.

Хали Бери често споделува фотографии на кои го слави своето тело и слобода. Таа често одговара на критиките, нагласувајќи дека сака да ја живее втората половина од својот живот „без извинување и слободно“.

ВИДЕО | Речиси 30 години подоцна: Првиот сопруг на Хали Бери проговори за причините за нивниот развод

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот