ФОТО | „Здрaво, дали си добро?“: Хју Џекмен ги загрижи обожавателите со чудните фотографии кои ги објави

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Актерот Хју Џекмен (55) сподели серија чудни фотографии на социјалните мрежи, па многу негови следбеници останаа збунети.

Имено, тој на својот инстаграм-профил сподели две фотографии од себе и снимка од подот во траење од една секунда, а многумина се прашуваат што не е во ред со него.

На една фотографија, Хју ги затворил очите и напишал: „Повеќе!“.

Фото: Instagram / thehughjackman

Многу од неговите следбеници побрзаа да ја споделат својата збунетост и загриженост, прашувајќи го во коментарите дали е добро.

„Здраво, дали си добро?“; „Мило ми е што те гледам среќна, но не знам зошто, иако се насмевнуваш, гледам дека твоите очи се тажни!“; „Добро си? Можеби треба да разговараш со некој од твоите вистински пријатели“, напишаа некои во коментарите.

Инаку, актерот пред неколку месеци се разведе од сопругата Дебора Ли-Фернес, со која беше во брак 27 години.

„Проблемите меѓу нив постојат веќе некое време, тие започнаа уште пред Хју да се врати на Бродвеј во февруари 2022 година глумејќи во претставата ‘Човекот од музиката’. Деб не била често на проби, а на некои дури и дремела“, изјавил извор за „Пејџ сикс“, додавајќи дека во последниот период тие биле само цимери кои живеат заедно.

Хју Џекмен се разведува по 27 години брак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот