
ФОТО | Започна прославата во Венеција: Лорен Санчез и Џеф Безос тргнаа на свечена вечера, невестата се стегна во тесен раскошен фустан
Милијардерот Џеф Безос, и новинарката Лорен Санчез, денеска ја започнаа раскошната тридневна свадбена прослава во Венеција, со силно обезбедување за да ги заштитат своите ВИП гости од демонстрантите.
Препорачано
Гостите пристигнуваа во Венеција цел ден – Бил Гејтс, Орландо Блум и кралицата Ранија од Јордан беа меѓу последните што пристигнаа, придружувајќи им се на Опра Винфри, Крис Џенер и Ким и Клое Кардашијан. Ќерката на Доналд Трамп, Иванка, исто така пристигна еден ден порано, пристигнувајќи рано со својот сопруг и децата за да уживаат во разгледувањето на градот.

Вечерва младенците се појавија пред почетокот на свечената вечера. Тие заедно со гостите се качуваа во водните такси што ќе ги однесат на првата од трите прослави. Првата, наводно, е на островчето Сан Џовани Евангелиста, на околу половина час од Венеција. Додека го напуштаа хотелот, Санчез го бакна Безос, момент што го снимиија бројни фоторграфите кои биле воодушевени од прикажувањето на романтичниот љубовен гест.

На фотографиите кои се појавија во јавноста, се гледа како Безос ја поздравува толпата и им мавта на фотографите додека се качува во едно таксињата на вода. Милијардерот носеше бела кошула и темно кафеаво одело, додека неговата избраничка Лорен се стегна во луксузен, златен фустан со корсет везени цветни мотиви и ја покажа својата завидна фигура.
Двојката ќе организира три централни прослави во Венеција – една во четврток, една во петок и една во сабота.