ФОТО: Вучиќ игра шах додека чека да заврши состанокот ЕУ – Приштина

Фото Инстаграм

Претседателот на Србија Александар Вучиќ престојува во Брисел каде од утрово учествува на дискусии за регистарските таблички и надминување на проблемите предизвикани од барањето на Косово за нивна пререгистрација.

Тој имаше средби со посредници од ЕУ, но и со косовскиот премиер Албин Курти, одделно, а потоа и заедно. Во меѓувреме објави и фотографија од Брисел.

-Додека го чекаме заклучокот на билатералната пресметка меѓу Приштина и Брисел – наведе тој на својот Инстаграм профил, со фотографија на која се гледа како игра шах на пауза.

ВИДЕО | Два можни исходи од преговорите во Брисел: Курти и Вучиќ треба да одберат меѓу разум или немири!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот