ФОТО | Во вселената лета торба со алати што ја изгубиле двајца астронаути: Може да се види со двоглед

Фото: Принтскрин/ Твитер

Торба со алатки изгубена од астронаутите на НАСА Јасмин Могбели и Лорал О’Хара може да се види како лебди во вселената дури и со двоглед.

Астронаутите биле на нивната прва вселенска прошетка надвор од Меѓународната вселенска станица (ISS) кога нивната торба со алат одлетала.

Могбели и О’Хара ја изгубиле торбата додека ја поправале Меѓународната светска станица (ISS) во вселената на 1 ноември, објави „Гардијан“.

„За време на поправката е изгубена една торба со алат. Торбата е забележана со помош на надворешни камери, но бидејќи е оценето дека не претставува ризик за станицата, најверојатно ќе остане да „плови“ во вселената и ќе ротира околу Земјата заедно со станицата“, изјавиле од НАСА.

Белата блескава торба веќе ја забележале астрономите од различни делови на Земјата, бидејќи може да се види дури и со двоглед.

Јапонскиот астронаут Сатоши Фурукава ја забележал торбата минатата недела додека летала над планината Фуџи.

Објектот ќе остане во орбитата на Земјата неколку месеци, а потоа ќе изгори по повторното влегување во атмосферата.

Ова не е првпат некој предмет да се изгуби во вселената, па дури ни првата изгубена торба со алат. Во 2008 година, астронаутот Хајденмари Стефаниш Пајп гледаше како нејзината чанта исчезнува додека се обидуваше да поправи оштетен дел од ISS. Губењето на таа торба ги принуди контролорите на мисијата да ги променат плановите за преостанатите вселенски прошетки планирани за време на мисијата Ендевор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот