ФОТО | Во стан во Ница пронајдени 40 овци

Фото: Твитер принтскрин

Во градот Ница на југот на Франција, откриени се 40 овци во стан за социјална помош кој требало да биде празен.

Животните биле набиени во стан од 50 квадратни метри обложен со слама, јави денеска телевизијата Франс 3. Уапсени се двајца мажи во крвави маици.

Властите се сомневаат дека овците требало незаконски да бидат заклани пред Курбан Бајрам, муслиманскиот празник на жртвувањето.

Полицијата пронашла веќе заклана овца во станот, изјави општинскиот функционер Ентони Боре. Останатите овци беа предадени на одгледувачот.

https://publish.twitter.com/?query=https%3A%2F%2Ftwitter.com%2Fanthony_borre%2Fstatus%2F1673347552404537351&widget=Tweet

Со цел да се спречи незаконско користење на празен стан, здружението за домување постави специјално обезбедена врата.

Службениците на крим-одредот наишле на овците во неделата за време на операција во станбена зграда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот