ФОТО | Во градот на љубовта: Пејачката Александра Јанева кажа „да“ во Париз

Фото: Инстаграм/Александра Јанева

Македонската пејачка Александра Јанева деновиве живее вистинска романтична бајка во градот на љубовта – Париз.

Нејзиниот долгогодишен партнер Иван Ангелов синоќа ја побара за сопруга во близина на Ајфеловата кула, а таа му кажа „да“.

Јанева објави неколку фотографии од овој посебен момент за вљубената двојка, на кои го покажа и свршеничкиот прстен.

„Сакам кога се смееме заедно и кога ми пееш раштимани тонови, ама чисти од душа.

Кога и двајцата пуштаме солза на тажни филмски сцени, а ти ја криеш низ насмевка плачко мој најсакан.

Кога сакам да сум ти лута, ама не можам и не знам како повеќе од пет минути, кога не сакаш да се одлепиш од мене исто колку јас од тебе.

Се појави на вистинско место, во вистинско време. Јас и ти во нашето време за љубење“, напиша таа во описот.

Фото: Инстаграм/Александра Јанева
Фото: Инстаграм/Александра Јанева
Фото: Инстаграм/Александра Јанева
Фото: Инстаграм/Александра Јанева

Разговор со Александра Јанева: Најлош коментар е оној што го немаш

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот