ФОТО+ВИДЕО | Први фотографии и снимки од ИСЧЕЗНАТИОТ ПАТНИЧКИ АВИОН: Делови од леталото најдени во море

Фото: Твитер

Откако се појави веста дека исчезна авион со повеќе од 50 патници по полетувањето од Цакарта, главниот град на Индонезија, на социјалните мрежи се појавија и наводни фотографии од делови од леталото кои се пронајдени во океан.

Фотографиите се објавени во неколку локални телевизии и медиуми, но се уште нема официјална потврда од службени лица.

„ТАС“ ја пренесува кинеската агенција „Синхуа“, која се повикува на локалните медиуми, а кои велат дека рибарите пронашле остатоци од авионот во море.

Авионот на компанијата „Сиверџаја Ер“, Боинг-737, загубил контакт кај местотот Понтианак во провинцијата Западен Калимантан, велат функционерите.

Нај сајтот „Флајтрадар24“, кој ги следи сите летови во светот, објавено е дека авионот паднал за помалку од една минута.

Министерството за сообраќај соопшти дека е во тек потрагата по патниците и спасувачката акција, пренесува „Би-Би-Си“.

Станува збор за 27-години стар авион Боинг 737-500, а надлежните најавија доополнителни информации за несреќата за подоцна.

УЖАС ВО ЏАКАРТА: Се урна патнички авион, најмалку 50 загинати

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот