ФОТО | Ведрана Рудан живее во куќа стара 400 години: „Се згрозив кога првпат ја видов“, вака изгледа нејзиниот дом во Риека

Ведрана Рудан важи за една од најпознатите писателки на нашите простори која во текот на својата кариера работеше како новинарка, водителка и колумнистка. Таа во своите текстови е исклучително духовита, целосно искрена и отворена без воздржување, не штедејќи никого, па благодарение на острото пишување стекна голем број обожаватгели.

Познатата писателка Ведрана Рудан во една прилика покажа како изгледа нејзиниот дом во Хрватска.

Ведрана Рудан живее во Риека, а своевремено ја угости екипата на РТС и откри многу приватни детали, но и како изгледа нејзиниот дом.

Фото PRINTSCREEN YOUTUBE TV LICA … KAO SAV NORMALAN SVET

– Сопругот ја најде оваа мала, стара куќа. Мислам дека овој објект е стар 400 години, тој е споменик од нулта категорија – истакна Ведрана.

Фото PRINTSCREEN YOUTUBE TV LICA … KAO SAV NORMALAN SVET

– Кога ја видов таа руина, јас се згрозив. Ми се допадна, но му реков на мојот сопруг: „Не ме прашувај ништо кога ќе се заглавиш со мајсторите“. И до ден-денес така остана, постојано правиме нешто низ дома – рекла таа во емисијата „ТВ лица како целиот нормален свет“.

Фото PRINTSCREEN YOUTUBE TV LICA … KAO SAV NORMALAN SVET

– Во една прилика мајсторот ме навреди кога дојдов да го земам својот сопруг за да одиме во кафуле: „Остави го на мир, ова е најлошата жена на светот“. Јас му возвратив: „Како не ви е срам да зборувате така, ние првпат во животот се гледаме, а вие зборувате глупости“. Па дури тој ми порачува: „Јас ти ја изградив куќата, жено“. Потоа му реков дека е квалификуван за тоа што го зборува, но секако му ја испив крвта – изјавила Ведрана.

Фото PRINTSCREEN YOUTUBE TV LICA … KAO SAV NORMALAN SVET

– Пораснав покрај море, така што погледот на морето од овде не ме возбудува. Но, секогаш кога сум некаде каде што нема море, секогаш мислам дека мора да има море над зградите и дрвјата во далечината. Тоа е во мене, но не до толку за да би шетала сега покрај морето и фрлала каменчиња – заклучила таа.

Фото PRINTSCREEN YOUTUBE TV LICA … KAO SAV NORMALAN SVET

Ведрана признава дека своевремено прво нашла стан во кој сакала да се пресели со сопругот, но дека се предомислила поради неговите зборови.

– Најдов убав стан за нас, но кога му спомнав на мојот сопруг дека има кристална врата што ја дели дневната соба од кујната, тој ми одговори дека не сака ниту да ја погледне. Ми рече: „Ќе се вселиме и по еден месец ти ќе посакаш мала стара куќа, па, јас штотуку ти ја најдов – рекла Ведрана.

Фото PRINTSCREEN YOUTUBE TV LICA … KAO SAV NORMALAN SVET

Ведрана е родена во Опатија. Во изминатите 20 години таа објави повеќе од десет книги.  Рудан е позната по својот остар јазик.

„Бабо, дали ќе умреш? Кога ќе умреш, сето ова ќе биде мое“: Приказната на Ведрана Рудан по посетата на нејзиниот внук

Северина за Милан Поповиќ: Тој сѐ уште ме сака, не може да му помине еден ден без мене

 

Ведрана Рудан со брутална колумна за Северина: „Вештерке, ти не си наша девојка“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот