ФОТО | Уапсен руски војник кој шест месеци се криел од украинските сили

Фото Украинска полиција

Украинската полиција уапси руски војник кој се криел во напуштени згради околу шест месеци по ослободувањето на регионот Харков. Вчера полициски службеници пронашле и привеле 42-годишен војник од 27-та руска гардиска бригада додека патролирал во селата во областа Купјанск-Вузловји, пренесува „Гардијан“.

„Откако го пребаравме, се испостави дека тој е маж од московскиот регион и дека припаѓа на 27-та гардиска моторизирана бригада на Руската Федерација. Уапсениот тврдеше дека се криел од украинските вооружени сили од ослободувањето на Округот Купјанск“, се вели во соопштението на полицијата.

Мажот, кој бил во цивилна облека кога бил уапсен, очигледно се одвоил од својата единица во септември додека бегале од украинската контраофанзива. Сè уште не е јасно како успеал да се крие толку долго по руското повлекување. Имено, набргу по ослободувањето, украинските власти спровеле опсежна операција за пребарување од врата до врата на руските војници кои биле оставени во регионот.

„Властите добија дојава за руска група во областа и воведоа построг полициски час во градот, кој сега ќе трае од 17:00 до 6:30 часот“, рече Олександр Прокудин, шеф на регионалната воена управа Херсон.

„Полицискиот час е воведен за да се спречат цивилни жртви додека војниците и полицијата трагаат по руски инфилтратори. Ве молиме третирајте ја оваа ситуација со разбирање. Останете смирени и помогнете им на одбранбените сили во елиминирањето на руските сили“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот