ФОТО: Три месеци била во кома поради ковидот: Ми даваа пет отсто шанси дека ќе преживеам

Британската јутјуберка Грејс Виктори (30) била во кома поради коронавирусот, и тоа само еден ден откако лекарите биле принудени да ја породат два месеца пред терминот.

Ѕвездата на социјалните мрежи се заразила со коронавирусот додека сѐ уште била бремена со своето прво дете. Имала благи симптоми, но нејзината состојба се влошила, па лекарите одлучиле да ја породат на Бадник, иако терминот ѝ бил дури во февруари 2021 година. Бебето било добро, но Виктори ден подоцна биле однесена на интензивна нега поради проблемите со дишењето. Јутјуберката потоа била ставена во индуцирана кома за да се избори со коронавирусот, односно за да го остават телото да се одмори за да може потполно да закрепне.

Виктори била во ковид-кома три месеци, а неодамна е отпуштена од одделот за интензивна нега.

Борбата на младата мајка Грејс Виктори ја следеа голем број луѓе, а британските медиуми, вклучително и „Сан“, редовно известуваа за нејзината здравствена состојба.

Ова се деталите:

„Отчукувањата на моето срце“, напишала Грејс Виктори покрај фотографијата, во болницата, на која го држи својот син Ли Вилијамс, кој се родил два месеца пред терминот, што било предизвикано од нејзиниот здравствен проблем, пишува „Сан“ .

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Grace ? she/her (@gracefvictory)

Во другата објава, Виктори рекла: „Медицинскиот персонал ми даваше пет отсто шанси дека ќе го преживеам ковид-19, но јас сум отпуштена од одделот за интензивна нега, никогаш нема да се предадам“. Таа напоменала дека нејзиното семејство верувало дека ќе ја победи болеста.

„Вие не знаете што сѐ може да направи Грејс“, рекле најблиските членови од нејзиното семејство.

Јутјуберката сè уште е во болница.

Веста дека Грејс Виктори се заразила со коронавирусот беше објавена на нејзината страница на Инстаграм. Нејзе ќе ја најдете на интернет и под прекарот „големата сестра“, кој го доби откако призна дека се борела со нарушувања во исхраната. За нејзината популарност зборува и податокот дека нејзините прилози имаат повеќе од милион прегледи.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Grace ? she/her (@gracefvictory)

А, како што е наведено на нејзиниот профил на Инстаграм, симптомите што ѝ се појавиле биле благи на почетокот, за потоа да се влошат. Предвременото породување било неизбежно како и  индуцираната кома за која лекарите се одлучиле, со цел нејзиното тело што е можно подобро да закрепне.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот