ФОТО | Тотално фијаско од фустан: Поранешната девојка на Канје го „утна“ стајлингот

Џулија Фокс/Профимедиа
Џулија Фокс/Профимедиа

По кратката врска со раперот Канје Вест, глумицата Џулија Фокс се најде во центарот на вниманието. Таа доби медиумско внимание не благодарение на своите филмски улоги, туку поради стилот на облекување.

Актерката речиси секогаш е на границата на добриот вкус, но веројатно на тој начин сака да привлече внимание. Така беше и на доделувањето на Филмските награди во Санта Моника, во неделата.

Џулија за оваа прилика одбрала црн исечен фустан од италијанскиот бренд „No Seso“. Mодните критичари веднаш ја ставија на тапет: Фустанот е на многу нивоа погрешен. Изборот на материјали бил тежок, откриен е само едниот колк, а пресечениот дел опасно се приближува до меѓуножјето на убавата актерка.

Коментарите за нејзиниот изглед не стивнуваат, затоа што обликот на овој фустан не прилегаат речиси на никого, па макар имал совршено тело. Едноставно, се открива многу повеќе од она што треба да биде покриено.

Џулија Фокс/Профимедиа
Џулија Фокс/Фото: Профимедиа

Сепак, на Џулија очигледно баш ѝ е гајле, затоа што таа со задоволство и самоувереност позираше пред камерите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот