ФОТО| Со кристали и 10 000 бисери: Погледнете како изгледала венчаницата на Елизабета Втора

кралица елизабета
Фото: Profimedia

На 20 ноември 1947 година, во Лондон, кралицата Елизабета и Филип, војводата од Единбург, дадоа завет на вечна љубов.

Венчавката на кралицата Елизабета и Филип беше одличен настан што ја возбуди јавноста по завршувањето на Втората светска војна, а од тогаш поминаа неверојатни 73 години.

Profimedia
Profimedia

Грчко – данскиот принц Филип во име на љубовта се откажал од таа титула и ја добил титулата војвода од Единбург, а притоа го прифатил презимето Маунтбатен.

Луксузната венчаница на Елизабета привлекла големо внимание.

Profimedia
Profimedia

Венчаницата била дизајнирана од Норман Хартнел. Фустанот имал вел долг четири метри, во форма на ѕвезда, што е симбол на преродбата и растот по војната. Креаторот пронашол инспирација во „Примавера“ на Ботичели, што особено се рефлектирало во цветните мотиви на богатиот сатенски фустан и превез.

Свилата со боја на слонова коска и дијамантска дијадема само го комплетирале луксузниот изглед.

Profimedia
Profimedia

Фустанот бил навезен со кристали и со 10 000 бисери донесени од Америка. Хартнел бил официјалниот дизајнер на дворецот од 1938 година, а притоа се тврди дека ова е неговиот најубав фустан.

Многумина ја споредија оваа венчаница со венчаницата на Грејс Кели од 1956 година, како и со венчаницата што Сара Бартон и Александар Меквин ја дизајнираа за Кејт Мидлтон.

Интересно е што во тоа време, кралицата морала да собере купони за да купи фустан!

72 години брак: Кралицата Елизабета венчаницата ја купила со бонови (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот