Фото: Профимедиа

ФОТО: Сите го обожаваме хумористичниот Хомер, но дали би можеле да претпоставите како би изгледал овој цртан лик како вистинска личност? 

Од своето појавување, серијата Симпсонови привлекува внимание кое активно трае повеќе од 30 години. Таа им е омилена на многу лица кои и денес ја гледаат и се смеат на лудориите на ова семејство, а Хомер Симпсон е еден од најомилените ликови.

Хомер во серијата се менува соодветно на поминатото време, но кога станува збор за реалноста, тоа е веќе многу поинаку.

Уметникот Мигел Васкез ја доби идејата и го нацрта познатиот цртан лик како жива личност. Со својата уметничка слобода и изразување, тој збуни и исплаши многумина. Иако повеќето би се согласиле дека делото на овој уметник е неверојатно, тој сепак на многумина им предизвика кошмари.

„Одлично, сега се плашам од Хомер Симпсон“, „Ова страшно ме вознемири“, „Ќе имам кошмари“, „О, Боже, зошто“, се само некои од коментарите под објавата.

Погледнете како би изгледал Хомер Симпсон доколку беше вистинска личност…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот