ФОТО | Шахпаска: Комплетно го ревидираме правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките

Јагода Шахпаска
Јагода Шахпаска / Фото: Министерство за труд и социјална политика

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешниот онлајн состанок со претставниците на Данската администрација за ветеринарство и храна, на Ново Нордиск, УНИЦЕФ и со Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на претседателот на Стево Пендаровски, потенцираше дека е почнат процесот на ревидирање на правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките.

Состанокот е на иницијатива на Министерството за труд и социјална политика, а се разговараше за унапредување и подобрување на исхраната на децата во градинките.

Процесот на ревидирање на правилникот се одвива во соработка со компанијата Ново Нордиск, а истиот е поддржан од УНИЦЕФ.

– Целта на денешниот состанок беше Данската администрација да го сподели своето искуство и водичот за поздрава храна во градинките, кој е направен врз основа на Официјалните упатства за исхрана – добро за здравјето и климата, а благодарение на Ново Нордиск, водичот е достапен на македонски јазик, соопштија од Министерството за труд и социјална политик.

Фото: Министерство за труд и социјална политика

Според министерката Шахпаска, правилната исхрана на децата во градинките, создавањето на здрави навики уште од најмала возраст е од исклучително значење за понатамошниот здрав и правилен раст и развој кај децата.

– Во процесот на ревидирање на правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките вклучени се експерти, секој во својата област и придонесот што ќе го дадат во овој дел верувам дека ќе биде од големо значење, рече министерката.

Од Министерството соопштија дека покрај ревидирање на правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките, предвидена е и едукација на децата, родителите и вработените во градинките со цел обезбедување на поголема грижа и превенција на здравјето додека престојуваат во градинките, но и во секојдневнoто живеење.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот