ФОТО | Северина го прослави 51-от роденден: Пејачката изгледа како „бомба“!

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ го прослави својот 51 роденден во еден загрепски ресторан во кругот на најблиските пријатели и соработници.

Според објавените снимки и фотографии може да се забележи дека роденденската прослава била доста гламурозна и весела.

Фото: Принтскрин Инстаграм

Таа на Инстаграм сподели фотографии и видеа од прославата, а меѓу познатите гости беа нејзините блиски пријатели Ива Радиќ, Емина Пршиќ, Карла Каиќ, Давор Гргин и други.

Фото: Принтскрин Инстаграм

Северина ги дувала свеќичките на трикатната роденденска торта која била украсена со нејзини црно-бели фотографии и со овошје. Таа дури и им запеала на гостите.

Фото: Принтскрин Инстаграм

Облечена во пурпурен мини фустан, со провокативно деколте, Северина изгледала бомбастично.

Многумина не веруваат дека хрватската ѕвезда го прослави својот 51 роденден, а Северина со своето секси издание во розов фустан уште еднаш докажа дека годините за неа се само бројка.

Инаку, Северина лани по повод нејзиниот 50-годишниот роденден направи велелепна забава со 250 гости  во познат загрепски клуб.

ВИДЕО | Матурска забава: Погледнете како изгледала Северина на 19 години

ВИДЕО | Матурска забава: Погледнете како изгледала Северина на 19 години

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот