ФОТО | Семеен пријател на Аргентинецот: Официјално е, Меси е освојувач на „Златната топка“

Фото: EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

Во претпоследниот ден од октомври ќе биде одржана церемонијата на доделување на „Златната топка“ која според последните најавиј ќе заврши во рацете на Лионел Меси.

Имено, Алесандро Досети, близок пријател на семејството на Меси открил дека Аргентинецот е освојувач на престижната награда.

„Официјално е. Меси е освојувач на „Златната топка“, осма и сигурно последна за него. Денеска беше известен“, објавил Досети.

Во најтесна конкуренција за освојување на наградата се уште двајцата фудбалери од реодвите на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд и Кевин Де Брујн, како и Килијан Мбапе.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот