ФОТО | Руски и американски војници случајно се сретнаа во Сирија, решија да се фотографираат и помуабетат

Руска и американска војска во Сирија/ Фото Delil SOULEIMAN / AFP / Profimedia

Патроли на војници од рускиот конвој и нивните американски колеги се сретнаа на нафтено поле во близина на сирискиот град Ал Кахтанија, североисточно од провинцијата Хасака, во близина на границата со Турција.

Фотографиите објавени од АФП покажуваат дека војниците се поздравуваат, се ракуваат и заедно се фотографираат за време на средбата во близина на турската граница.

Војска на САД и Русија во Сирија/ Фото Delil SOULEIMAN / AFP / Profimedia

„Бизнис инсајдер“ потсетува дека на слична средба во 2020 година, руски војници ги принудија американските војници да излезат од патот. Имено, пред две години, кога две патроли се сретнаа на североистокот на Сирија, дојде до судир на оклопни возила, при што беа повредени четворица американски војници, а администрацијата на тогашниот претседател Доналд Трамп ги осуди Русите за „непрофесионални“ постапки.

Минатата недела, двете армии повторно се сретнаа на околу еден час возење од местото на инцидентот во 2020 година. Но, сега, наместо непријателска интеракција меѓу двете нуклеарни сили, имаше насмевки, ракувања и групни фотографии. Некои од фотографиите, направени од дописникот на АФП, Делил Сулејман, покажуваат руски возила со ознаките „З“ кои се гледаат на нивните оклопни таблички при инвазијата на Украина.

САД и Русија војска во Сирија/ Фото Delil SOULEIMAN / AFP / Profimedia

Се чини дека САД и Русија ги оставија настрана нивните разлики во Сирија, каде што Кремљ го поддржува сирискиот претседател Башар ал-Асад, а Вашингтон ја поддржува курдската милиција која се бореше против Исламската држава и создаде де факто автономен регион во близина на турската граница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот