ФОТО | Разговор со Ламбе и Полина: Добра комбинација сме, спонтано се случи дуетот

Заврши 38. издание на фестивалот на забавна музика „Макфест 2023“ во Штип, а еден од повпечатливите настапи имаа Полина Тасева и Ламбе Алабаковски, кои настапија во дует со песната „Врати се“.

Фото: Слободен печат

Пред самиот настап во саботата, на ревијалната вечер на „Макфест“, успеавме Полина и Ламбе накратко да ги „уловиме“ за да ни кажат нешто повеќе околу нивната соработка и настапот на фестивалот.

Прво што сите ги интересира е како дојде до дует и заеднички настап на „Макфест“?

Ламбе: Многу спонатано. Песната е на Ирена Стојановска, текстот исто така, аранжманот е на Димитар Андоновски, добра комбинација испадна за нас за да уживаме во дуетот, така што спонтано се случи.

Полина: Првпат настапуваме заедно. Од скоро се знаеме, иако јас го знам Ламбе од претходно, затоа што сум го слушала, така што ми е драго што соработуваме заедно.

Фото: Averel Аверел

Како вие двајца стапивте во контакт?

Полина: Авторот нè спои. Од нивна страна имале идеја нас двајцата да нè поврзат во една песна.

Ламбе: Еден убав тим, навистина имаме понекогаш и дружби и се гледаме, особено со Димитар Андоновски. Целиот настап гледавме да биде со позитивна енергија, да се запамти и сценскиот настап, нормално да остане и песната како песна да се слуша, тоа е најголемиот успех за една песна. На сцената сме во придружба со уште четири девојки од „Брејк а лег“.

Дали ви пречи што вечерва е ревијална на „Макфест“?

– Не. Воопшто не.

Зарем не е поголем предизвик да се натпреваруваш?

Ламбе: Живееме во еден голем дисбаланс на општеството, така што можеби и подобро да нема во овој период награди, како што имаше во 2013 година големи суми за награди. Најголем успех е да остане песната да се слуша.

Полина: Пред сè, убаво е што се дружиме. Само на овој начин можеме сите заедно – музичари, артисти што не сме се познавале, да се запознаеме и да си ги слушнеме песните.

Полина Тасева/ Фото: Averel Аверел

Кој се погрижи за вашиот вечерашен стајлинг?

Ламбе: За стајлингот и на двајцата се погрижи модниот дизајнер Андреј Папаз.

ФОТО | Лара и Пајак добија 120.000 денари од „Макфест“ за најслушана песна меѓу два фестивали

ФОТО | Модата на „Макфест“: Секси чизми со светки, крилја од пердуви, свила и бисери

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот