ФОТО | Публиката на најголемиот светски хеви метал фестивал во кал до колена

Фото: Axel Heimken / AFP / Profimedia

Поројниот дожд во Германија го претвори теренот на најголемиот светски хеви метал фестивал во кал, принудувајќи ги организаторите да вратат многу потенцијални посетители и сопственици на билети.

Фестивалот „Вокен опен ер“ (Wacken Open Air) во Шлезвиг-Холштајн, северна Германија, беше отворен во средата и истата вечер организаторите соопштија дека на оние кои сѐ уште не пристигнале ќе им биде одбиен пристапот до локацијата поради, како што ги нарекоа, непоправливите услови, пренесе „Гардијан“(Theguardian).

„Понекогаш врне дожд на фестивали, но ретко толку многу како што видовме сега“, се вели во соопштението.

Фото: Axel Heimken / AFP / Profimedia

На четиридневниот фестивал учествуваат околу 200 бендови од целиот свет, од Украина до Јапонија. Хедлајнерите Ајрон Мејден треба да настапат во петок навечер, заедно со Мегадет.

По апелот до сопствениците на билети кои сè уште не пристигнале, да не доаѓаат откако кампот беше поплавен, организаторите рекоа дека е достигнато „разумно ниво на посетители“ и оние кои донеле одлука да си заминат или пак нема воопшто да пристигнат, средствата ќе им бидат рефундирани.

Организаторите потврдија дека ова е прв пат да донесат ваква одлука во 33-годишната историја на фестивалот.

„Многу сме тажни, но континуираната тешка временска ситуација, за жал, не ни остава друг избор“.

Овогодинешниот фестивал, кој привлекува обожаватели од целиот свет, се одржува под мотото: „Погласно од пеколот“.

Фото: Axel Heimken / AFP / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот