ФОТО: Пленковиќ пречекан со државни и воени почести

Премиерот Ковачевски го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ пред Владата / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Со највисоки државни и воени почести на платото пред Владата, премиерот Димитар Ковачевски го пречека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кој допатува во официјална посета на Македонија.

Ковачевски и Пленковиќ
Фото: Слободен печат/Драган Митрески

По свечениот пречек двајцата премиери заминаа на тет-а-тет средба, по што се најавени разговори меѓу двете делегации.

Ковачевски и Пленковиќ
Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во делегацијата заедно со премиерот Андреј Пленковиќ се високи претставници за економски прашања и за надворешни работи и претставници од хрватскиот Сабор. Во состав на македонската делегација на средбата ќе бидат вицепремиерите за европски прашања и за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Бојан Маричиќ и Фатмир Битиќи, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

Ковачевски и Пленковиќ
Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Пленковиќ за време на официјалната посета ќе биде примен и од шефот на државата Стево Пендаровски, како и од собранискиот претседател Талат Џафери, а ќе се обрати и пред пратениците во Собранието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот