ФОТО | Пике чека дете со новата девојка, фатени како купуваат тест за бременост

Жерар Пике и Клара Чиа Марти/ Фото: Инстаграм/Твитер

Пејачката Шакира и фудбалерот Жерар Пике минатата година ставија крај на долгогодишната врска, а раскинувањето беше болно за пејачката. Тие беа заедно 12 години и имаат два сина Милан и Саша.

Врската пропадна кога пејачката дозна дека нејзиниот партнер, поранешен играч на Барселона, ја изневерувал со студентката Клара Чиа Марта (23), која во тоа време работела во неговата компанија „Космос“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)


Шакира тешко го доживеала сознанието дека Пике ја изневерувал со Марти уште во 2021 година, во период кога пејачката и шпанскиот фудбалер сѐ уште биле „среќни заедно“.

По раскинувањето, Шакира и Пике имаа различни испади еден кон друг. Шакира се заканувала дека ќе ги земе децата со себе во Мајами, а во нејзините песни ги прозва и испрати навредливи пораки за Пике и неговата нова девојка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gerard Piqué (@3gerardpique)


Сега новинарите на „Мјузик Мундијал“ дознаа нова вест која дополнително може да ја потресе колумбиската пејачка: Клара Чиа Марти е бремена и таа и Пике го чекаат своето прво дете.

„Контроверзната врска помеѓу Жерар Пике и Клара Чиа Марти продолжува да предизвикува бројни коментари. Угледен аргентински новинар сега тврди дека парот го чека своето прво дете. Веста која ја откри познатиот новинар Густаво Церијани ги шокираше сите обожаватели на Шакира. Жерар Пике и Клара Чиа се снимени како купуваат тест за бременост во аптека. Сѐ било тајно, а Церијани тврди дека фармацевтот му потврдил дека им продал тест за бременост“, пишува „Мјузик Мундијал“ (Music Mundial).


Пред тоа, Шакира ја нарече Клара „мртва мува“, а оваа најнова вест сигурно уште повеќе емотивно ќе ја вознемири.

ФОТО | Романтична прошетка на Пике и новата девојка, за која вели дека е „поразбирлива“ од Шакира

ВИДЕО | Чао Пике: Шакира постави „вештерка“ на балконот кој гледа кон куќата на поранешната свекрва

ФОТО | Романтична прошетка на Пике и новата девојка, за која вели дека е „поразбирлива“ од Шакира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот