Фото: pexels-huy-phan

ФОТО | Овие 5 растенија совршено го поднесуваат централното греење: Лесни се за одржување и внесуваат позитивна енергија во секој простор

Есента пристигна, а со неа и првите студови што нè потсетуваат дека започнува сезоната на греење. Додека уживаме во топлината на нашиот дом, нашите собни растенија се соочуваат со сосема поинакви услови отколку во текот на летото. Сувиот воздух од радијаторите, недостатокот на природна светлина и пореткото проветрување можат сериозно да влијаат на нивниот раст и изглед. Затоа, токму сега е вистинското време да обрнеме внимание на тоа како можеме да им помогнеме да останат здрави и бујни и во текот на постудените месеци.

Повеќето растенија најдобро успеваат на даските на прозорците, каде што добиваат максимална светлина, но веднаш под тие прозорци се наоѓаат радијатори кои го сушат воздухот и почвата побрзо отколку што би очекувале. Наоѓањето на вистинската рамнотежа помеѓу топлината, влагата и наводнувањето може да биде вистински предизвик, но постојат видови кои без проблем ги поднесуваат условите на централното греење.

Во продолжение дознајте кои растенија можете безбедно да ги чувате покрај прозорецот дури и кога радијаторите работат со полна сила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brenton Beggs (@brenton.beggs)

Растенија на кои не им пречат радијаторите

Иако растенијата се полеваат поретко во есен и зима, понекогаш мора да го прекршиме тоа правило.

Во топлите простории, почвата се суши речиси исто толку брзо како во лето, па затоа е важно редовно да ја проверувате влажноста со прст и да го прилагодувате наводнувањето на секое растение поединечно. Повеќето собни растенија не поднесуваат премногу вода, па затоа секогаш треба да бидете внимателни со тоа.

Ова се видовите што можат да издржат централно греење и што можете да ги чувате на или во близина на прозорецот без грижи во текот на есента и зимата:

Папрат

Папратот е едно од најомилените собни растенија и често ги красат ентериерите.

Иако не е пребирлив, премногу сувиот воздух и високите температури можат да му наштетат. Сувите и кафеави лисја по неколку дена без прскање се јасен знак дека му недостасува влага.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plantes Pour Tous (@plantespourtous)

Орхидеја

Орхидеите ја сакаат светлината и добро ја поднесуваат топлината ако правилно ги негувате.

Идеалното место е северниот или источниот прозорец, а температурата не треба да падне под 16 степени Целзиусови. Се полеваат умерено, но редовно се прскаат со отстоена вода, бидејќи сакаат свеж и влажен воздух.

Алое вера

Ова чудотворно растение е познато по своите лековити својства повеќе од 3.000 години.
Алое вера одлично поднесува сув воздух, што ја прави совршена за простории со греење. Ретко се полева.

Фикус

Фикус лирата или „fiddle leaf fig“ е популарен поради своите големи, декоративни листови.

Лесен е за одгледување, но бара редовно бришење на листовите за да остане здрав и сјаен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sweet Jungle (@sweetjungle.paris)

Пачира

Според фенг шуи, пачира носи среќа и позитивна енергија. Пачира или позната како „дрво на парите“ (Pachira aquatica) е билка за која се верува дека носи среќа на личноста која се грижи за неа.

Ја сака светлината, па затоа е најдобро да се чува во близина на прозорец. Треба редовно да се прска и повремено да се „тушира“ за да се задржи свежиот изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Darryl Cheng (@houseplantjournal)

Монстера

Монсерата е вистинска ѕвезда на модерните ентериери и е речиси сите љубители на растенија ја имаат во своите домовите.

Ја сака влагата и редовното прскање, благодарение на што може да презими дури и во близина на радијатори. Нејзините големи, препознатливи листови ќе внесат тропски шарм во секој простор, пренесува хрватски „Журнал“.

Фото: Wikimedia Commons

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот