Харпер Бекам со родителите на премиерата на документарецот „Викторија Бекам“ / Фото: Profimedia

ФОТО | Носи ланче од 9.000 евра: Харпер Бекам има само 14 години, а веќе поставува модни трендови

Харпер Бекам, единствената ќерка на Викторија и Дејвид Бекам, уште еднаш докажа дека ги следи модните стапки на својата мајка. Четиринаесетгодишната тинејџерка присуствуваше на премиерата на новиот документарен филм на Нетфликс, посветен токму на мајка ѝ, која се одржа во луксузното кино „Керзон“ во Лондон, пишува „Дејли мејл“.

Во елегантна црна тоалета со должина до под, дизајн налик на модел што се продава на официјалната страница на Викторија Бекам по цена од околу 2.230 евра, Харпер изгледаше како вистинска мини верзија на својата мајка. Својот изглед го надополни со блескаво ѓерданче од „Ван Клиф и Арпел“, кое чини околу 8.420 евра.

На свеченоста Харпер пристигна под рака со својот брат Ромео, додека помладиот Круз дојде со својата девојка, 29-годишната Џеки Апостел. Единствено недостасуваше најстариот брат Бруклин, кој не присуствуваше на овој семеен настан.

Фото: Doug Peters / Alamy / Profimedia

Вечерта беше посебна и за самата Викторија, која заедно со сопругот Дејвид ја претстави триделната серија што ја следи нејзината животна и професионална трансформација — од членка на музичката група „Спајс грлс“, преку позната сопруга на фудбалер, до успешна модна дизајнерка.

По проекцијата, гостите продолжија со славење на приватна забава во престижниот клуб „Хертфорд Стрит“ во Мејфер, каде што се собра целата модна и шоу-бизнис елита.

На настанот присуствуваа и три од нејзините колешки од „Спајс грлс“: Ема Бантон, Џери Халивел-Хорнер и Мелани Чизмолм. Единствено недостасуваше Мел Би, која се наоѓа во Соединетите Американски Држави поради деловни обврски, но ѝ испрати цвеќе со порака за среќа. Викторија не ја криеше радоста што повторно е опкружена со своите поранешни колешки, кои се дел и од документарниот филм.

Харпер Бекам / Фото: Stephen Lock / i-Images / Eyevine / Profimedia

Присутна беше и нејзината најдобра пријателка Ева Лонгорија, која е и кума на Харпер. Холивудската актерка блескаше во бела тоалета додека позираше со сопругот Хозе Бастон.

На сцената, Викторија им се заблагодари на своето семејство и на целиот тим што стои зад проектот.

„Му благодарам на мојот сопруг што ме натера да го направам ова, и на моите деца — Бруклин, Ромео, Круз и Харпер. Овој процес ме натера да сфатам дека сум доволна“, изјави емотивната Викторија.

Таа додаде дека изминатата година за неа била „полна со интензивна терапија и размислување“, но дека документарецот ја натерал да ја погледне својата кариера со нови очи.

Во трите епизоди на документарецот, Викторија првпат отворено зборува за борбата со нарушувањето во исхраната, за стравот дека нејзиниот моден бренд ќе пропадне поради финансиските тешкотии, како и за притисокот што го чувствувала по напуштањето на поп-сцената.

Харпер Бекам носи мини-чантичка од 20 илјади долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот