ФОТО: Никол Шерцингер освојува со својот изглед и во четвртата деценија

Instagram
Instagram

Никол Шерцингер важи за една од најубавите жени на планетата и постојано докажува дека ја нема оваа ласкава титула без причина споделувајќи бројни фотографии на социјалните мрежи.

Така, таа неодамна сподели серија фотографии во минијатурно бикини додека ужива на песочните плажи на Хаваи, воодушевувајќи ги своите следбеници со секси пози и совршено извајано тело.


Никол, која го прослави својот 42 роденден во јули, позираше во бикини со змиски принт, истакнувајќи ги бујните гради и совршено рамниот стомак.

И покрај фактот дека таа веќе ја одбројува четвртата деценија од нејзиниот живот пејачката доминира на сцената, нејзиното лице и фигура не го открива тоа. Изгледа исто како кога била девојче, а со тоа се согласува и публиката на социјалните мрежи, која редовно ја осипува ​​со комплименти.

„Бог создава жена како неа само еднаш“, „Ти си прекрасна“, „Изгледаш совршено“, „Една од најубавите жени во универзумот. Ти си икона“, се само неколку во низата слични коментари под нејзиниот последен пост.


Инаку, Никол еднаш призна дека долго време имала проблеми со самодовербата и нарушувањата во исхраната, но дека нештата се промениле пред неколку години кога самата собрала сила и решила да се посвети на здравата исхрана и редовното тренирање.

„Само бидете среќни сами со себе и тогаш сè оди полесно. Ми требаше многу време да прифатам себе си и моето тело. Кога се помирив не ми беше проблем да вежбам и да јадам што е добро за мене. Самите сме си најголеми непријатели Не е важна тежина, важно е да сте сами на себе пријател затоа што ако не се сакаш себе си, тогаш се самоуништуваш. Поголемиот дел од животот го поминав во тага и сега сфаќам дека само губев време“, изјавила неодамна Никол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот