ФОТО | Неверојатно ретки: Патики на „Епл“ на продажба за 50.000 долари

Фото: Instagram/ hypebeast

Модата можеби не е првото нешто што го земате предвид кога размислувате за компанијата „Епл“. Но, технолошкиот гигант всушност се занимавал со дизајнерска облека во текот на 1990-тите, а неговите ретро-патики сега се на аукција, пишува „Дејли мејл“.

Неверојатно ретките патики, кои биле направени исклучиво за првите вработени во компанијата на Стив Џобс, се бели со добро познатото лого на „Епл“ од страна, во боите на виножитото.

Фото: Instagram/ hypebeast

Машките патики, кои се продаваат преку аукциската куќа „Сотби“, имаат пета со воздушна перница. И покрај тоа што се во добра состојба, при описот на патиките е забележано пожолтување, како и траги од прсти на кутијата.

Од аукциската куќа велат дека овие обувки биле еднократен подарок за вработените на „Националната конференција за продажба“, непосредно пред 2000-тите.

Фото: Instagram/ hypebeast

Сепак, иако патиките тогаш биле бесплатни, тие сега се продаваат за неверојатна цена од 50.000 долари.

Инаку, во 1986 година, „Епл“ започнал со краткотрајна колекција на облека и додатоци наречена „Епл колекшн“ („Apple Collection“). Покрај патиките, колекцијата се состоела од џемпери, очила за сонце, играчка камион, сите обоени со логото на „Епл“. Една година пред лансирањето на брендот за облека, биле продадени 22.000 кошули од овој бренд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот