ФОТО | Насмеани од уво до уво: Објавена прва фотографија на Анѓелка Прпиќ со новиот избраник

Анѓелка Прпиќ
Анѓелка Прпиќ / Фото: Инстаграм/Анѓелка Прпиќ

По веста дека српската актерка Анѓелка Прпиќ е бремена со најдобриот пријател на нејзиниот поранешен сопруг Дарио Прпиќ, интересот на јавноста и медиумите не стивнува.

Најнова вест што ја објавија регионалните медиуми е дека задарската актерка Тихана Лазовиќ Трифуновиќ на Инстаграм објавила фотографии од роденденската прослава на пријател, а освен нејзиниот сопруг Бранислав Трифуновиќ, на една од фотографиите е и српската актерка Анѓелка Прпиќ со нејзиниот нов партнер Марко Жугиќ.


Да потсетиме, на крајот на минатата година во српските медиуми одекна веста дека симпатичната актерка се вљубила во пријателот и кум на нејзиниот поранешен сопруг Дарио и дека со него чека дете.

Анѓелка не се огласуваше за сѐ, но новата фотографија на која таа се смешка покрај Марко зборува повеќе од илјада зборови.

Таа неодамна го прекина молкот и на социјалните мрежи откри како се чувствува.

„Сѐ е добро и ќе биде уште подобро“, рекла таа.

Инаку, медиумите пред извесно време објавија фотографии од поранешните заеднички дружби помеѓу поранешниот пар Прпиќ и извесниот Марко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andjelka Prpic (@andjelkap)

Анѓелка и Дарио се разведоа во 2020 година.

„Разводот не значи и војна. Ние сме и понатаму семејство. Едни на други сме најблиски, без разлика на кои адреси живееме“, рекла тогаш коментирајќи го фактот дека нејзиниот брак дошол до колапс.

Дарио Прпиќ е сопственик на ресторан во Белград, а тој и Анѓелка се венчаа во 2011 година.

„Ќе им бидам кум“: Поранешниот сопруг на Анѓелка Прпиќ проговори за нејзината врска со неговиот најдобар пријател

Откриени детали за разводот: Жешка сцена ѝ го уништи бракот на Анѓелка Прпиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот