ФОТО | На 76 години се шета без градник на улица: Сите гледаат во голите гради на познатата српска дизајнерка

Верица Ракочевиќ/Фото: Инстаграм

Српската модна дизајнерка Верица Ракочевиќ (76) позирала во бел костум на улица, а забележливо е дека под гардеробата немала градник.

Верица објавила своии фотографии додека позира на улица, а испратила и силна порака.

Фото: Printskrin/Instagram

– Бидете тоа што сте во она што го чувствувате, дури и ако сте сами во тоа чувство – го цитирала Верица Анри Мишо.

Фото: : Printskrin/Instagram

Да потсетиме, Верица е во брак со 35 години помладиот Вељко Кузманчевиќ.

Венчавката на модната дизајнерка Верица Ракочевиќ и Вељко Кузманчевиќ во 2013 година во никој случај не беше стандардна. Во тоа време српските медиуми со денови пишуваа само за нив, а имајќи предвид дека разликата во годините меѓу нив е 35 години, многумина предвидуваа бродолом, што тие на најдобар можен начин го демантира, така што останаа заедно и до ден-денес се сакаат подеднакво како и тогаш.

– Вељко ми испрати порака на Фејсбук, прашувајќи дали би можеле да соработуваме. Помислив дека сака да биде манекен и му реков дека јас не правам облека за мажи. Ми објасни дека е музичар, дека му се допаѓа тоа што го работам, а бидејќи секоја емисија има музичка позадина, предложи соработка. Му реков која е темата на ревијата што ја подготвувам, тој ми ја испрати својата идеја и така сè почна – открила Верица своевремено во емисијата „Венчавка од А до Да“ малку познат факт за тоа како започнала нејзината романса со сегашниот сопруг.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот