ФОТО | Лепа Брена го промовираше брендот „Лејди Би“ во „Космо ТИНЕКС“

Фото: Промо

„Космо ТИНЕКС“ e првата дрогерија во нашата земја која веќе 15 години е лидер и претпознатил бренд за квалитет, која сѐ уште го држи приматот за лидер на пазарот а тоа го докажа вчера, четврток (16.11.2023) во пријатниот амбиент на хотел „Квинс“ каде беше претставена новата колекција на брендот „Лејди Би“.

„Лејди Би“ е компанија која е препознатлива за фамилијата Живојиновиќ од Белград, Србија која е создадена минатата година. Музичката ѕвезда Лепа Брена ги претстави најновите производи за зима-пролет 2024 година од веќе добро прочуениот бренд „Лејди Би“. Хулахопките од омилената колекција Селебрити, омилена на сите, може да ги најдете во сите продажни места на „Космо ТИНЕКС“ низ нашата земја.

Фото: Промо

Компанијата „Лејди Би“ постои веќе една година и за тој период стана лидер на пазарот во продажба на премиум хулахопки, па се прошири и во регионов. Производите од нивната нова линија „Лејди Би Иновејшн“ се состојат од три колекции: „ ФИР“, „Меџик“ и „Флај“. Линијата „Меџик“ ве враќа во минатото, а е составемна од наночестички од злато и хијалуронска киселина, втората линија „Флај“ е наменета за стјуардеси и погодна е за секакви видови на патување затоа што има масажери на стапалата, а со самото тоа е наменета и за жени кои стојат долго на нозе. Заради подобрувањето на циркулацијата дава медицински ефекти кога е во прашање здравјето на жените. Од третата линија „ФИР“, компанијата очекува најмногу во 2024 сезона, затоа што во истражувањата покажала најдобри резултати.

Фото: Промо

Покрај наведените линии, „Лејди Би“ ја претстави и колекцијата Пушап, Бич и Миднајт Икс Колекшн на модната дизајнерка Ива Накиќ, која ја нагласува женската сензуалност и заводливост. Дополнителната колекција Елеганс е доказ за тоа дека компанијата мисли на сите припаднички на женскиот пол, со своите нови модели наменети за дамите со изразени облини (Миднајт елеганс). Изработени се со 3Д технологија која на овие хулахопки им дава дополнителна издржливост. За престојните зимски денови, се препорачуваат Термал хулахопките. Производите од линијата Селебрити, можете да ги најдете во продажните места на „Космо ТИНЕКС“ низ цела Македонија.

(Комерцијален текст)

Фото: Промо
Фото: Промо
Фото: Промо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот