ФОТО | Лејди Гага во венчаница: Генерална проба пред свадба или само професионален ангажман?

Profimedia
Profimedia

Лејди Гага во венчаница низ улиците на Рим. Дали можеби пејачката се подготвува да заплови во брачните води со нејзиниот сакан претприемач и ИТ гениј Мајкл Полански ?

Поп-ѕвездата Лејди Гага е фотографирана во венчаница за време на снимањето на филмот „House of Gucci“ во Рим. Гага ќе ја игра улогата Патриција Реџани, поранешната сопруга на Маурицио Гучи, италијанскиот моден магнат, првиот човек на брендот „Гучи“, која помина 18 години во затвор затоа што ангажирала платен убиец за да го убие својот поранешен сопруг во 1995 година.

Profimedia
Profimedia

Во филмот ќе бидат прикажани и сцени од свадбата Патриција и Маурицио, а Гага за потребите на сцените носи венчаница.

Драмата, во режија на Ридли Скот, моментално се снима на локации во Италија, а фотографиите на Драјвер, Гага и Џаред Лето кој го игра модниот дизајнер Паоло Гучи, дополнително ги заинтригираа обожавателите кои со нетрпение го очекуваат филмот.

Фановите кои со нетрпение ја очекуваат Гага да ја видат во новата улога, а притоа почнуваат и полека да се навикнуват на нејзиниот нов елегантен изглед како вдовицата на модниот магнат Гучи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот