ФОТО | Joкиќ пристигна во Србија, беше пречекан со „Мерцедес“ од 500.000 евра

Фото: EPA-EFE/BOB PEARSON

Најдобриот српски кошаркар и најкорисниот играч во годинешното финале на НБА, Никола Јокиќ, допатува во родната Србија, каде што денес околу 15:00 часот слета на аеродром „Никола Тесла“ кај Белград.

Во својата татковина Јокиќ допатува со своето семејство и најблиските пријатели, а беше пречекан со скапоцен „Брабус“ – посебно изработена верзија на теренски „Мерцедес“, кој вреди околу 500.000 евра. Во автомобилот Јокиќ влегол заедно со својата сопруга Наталија, пишува српски „Телеграф“.

Веднаш по тргнувањето на автомобилот во кој беше Јокиќ по него тргнале и два други автомобили, „Ланд Ровер“ и „Форд“ во кои биле сместени неколку куфери.

ВИДЕО | Шоу на Јокиќ по освоената титула: Сега ќе видам дали Ѓоковиќ ми честитал

ВИДЕО: Се претера со славјето во Денвер, со лименка погодена сопругата на Јокиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот