ФОТО | Избрана најдобрата фотографија од природата за 2023 година

Фото: МИА

„Нејчр токс“ (Nature Talks) ги објави победниците на натпреварот „Фотограф на природата за 2023 година“ (Nature Photographer of the Year 2023). Главната награда оди кај Жаки Матечук од Канада за нејзината слика со наслов „Неговиот поглед кон небото“ на којашто е прикажан мечок на дрво.

– Шпанскиот мов (лат.: Tillandsia usneoides, з.п.) е секогаш убава, многу фотогенична тема и често сама може да понуди визуелно занимливи композиции, како од гледна точка на бојата, така и текстурата. Мечокот кој минува низ шпански мов и оди по дрво е нешто што ги надминува најлудите соништа на фотографите на природата – рекол Марко Гајоти, претседател на жирито.

На натпреварот беа доделени и други награди за впечатливи фотографии.

Повеќе фотографии од овој престижен натпревар можете да погледнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот