ФОТО: Исламска држава објави фотографија од напаѓачите одговорни за нападот во Москва

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Исламска држава денеска објави фотографија од четворицата напаѓачи кои синоќа убија најмалку 143 лица во концертна сала во близина на Москва, објави новинската агенција на оваа милитантна на Телеграм.

„Нападот доаѓа во контекст на војна меѓу Исламската држава и земјите кои се борат против исламот“, се наведува во текстот што се повикува на безбедносни извори.

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, но Русија сугерираше дека постои украинска врска, и покрај енергичното негирање на украинските власти дека Киев има некаква врска со тоа.

Руските власти денеска соопштија дека уапсиле 11 лица, вклучително и четворица осомничени напаѓачи, во врска со нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот